Каспаров: Труењето на Навални е уште еден доказ дека за Путин атентатот е политика
Азербјџан – Славниот шахист и дисидент Гари Каспаров не се сомнева дека лично Путин стои зад труењето на неговиот политички противник Алексеј Навални.
За вчерашниот инцидент во Омск, Каспаров синоќа објави серија твитови.
„Со труењето на Алексеј Навални уште еднаш се докажува дека атентатот за Путин е политика – во Русија и во странство. Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел за тоа, за отпаднати елементи или дека тој изгледа лошо. Путин не го интересира како тоа изгледа, тој е заинтересиран за тоа како тоа функционира Тој очигледно смета дека тоа функционира, затоа што постојано тоа го прави“, напиша Каспаров на Твитер.
„Не ја навредувајте мојата интелигенција со предлози дека некој би можел нешто да му направи на Навални без одобрение од Путин. Истото важи и за убиството на Немцов, Политковскаја и Литвиненко. Никој не би презел таков ризик врз себе. Тоа е политика, и тоа е политиката на Путин”, напиша Касперов.
Владеењето на Путин со терор ќе продолжи се додека не биде запрен. Диктаторите не застануваат сами. Но, во слободниот свет, се уште има гласови кои повикуваат на ресетирање и ангажман – со други зборови, умилкување – тие имаат крв на рацете. Му посакувам на мојот сонародник Навални целосно и брзо закрепнување од труењето. И апелирам до слободниот свет да се обединат против најголемиот отров – диктатурата на Путин, наместо да чекаат тој повторно да нападне“, заклучи Каспаров.