Касами чека план од ЕУ и САД за уставните измени што никој не го најавува


Билал Касами (Фото: Б. Грданоски)

Лидерот на Движењето Беса, дел од коалицијата ВРЕДИ, во Клик Плус на ТВ21 рече дека нема да останат во владата со ВМРО-ДПМНЕ доколку не ги спроведат уставните измени. Запрашан дали оваа одлука ќе се донесе до крајот на годинава, Касами рече дека никогаш не дал рокови. Касами вели дека се чека план од Брисел и од Вашингтон.Еве како лидерот на БЕСА бегаше од одговорот:

Касами:Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција.

ТВ21: Има јасен план претседателе, мора да го смените Уставот.

Касами: Повторно остануваме на таа позиција.

ТВ21: Вие самите побаравте измена на Уставот.

Касами: Повторно остануваме на таа позиција.

ТВ21: Зошто го барате?

Касами: Повторно остануваме на таа позиција. Повторно остануваме на таа позиција!

ТВ21: Да се продолжат евроинтеграциите, дали е тоа така?

Касами: Повторно остануваме на таа позиција.

ТВ21: Има план, но не сакате да го направите.

Касами: Повторно остануваме на таа позиција.

ТВ21: До кога, до крајот на годината или  после …?

Касами: Повторно остануваме на ставот дека без уставни измени нема да има продолжување на процесот.

ТВ21: Јасно.

Касами: Нема да има уставни измени доколку не …

ТВ21: Останувате во владата со ВМРО  што не се менува?

Касами: Не!

ТВ21: Зошто не сега?

Касами: Нема да останеме.

ТВ21: До кога, до крајот на годината одлучувате?

Касами: До тогаш кога ќе …

ТВ21: Рековте до крајот на годината. Го менувате муабетот.

Касами: Во ниту еден момент, како Билал Касами, не ги менувам изјавите, не сум спомнал временски ограничувања.