Карлови Вари пред пропаст, го уништи пандемијата и руската инвазија

Туристите речиси и да ги снема од познатиот бањски град во Чешка. Русите кои купуваа многу имоти таму и доаѓаа на одмор веќе го напуштија градот


Карлови Вари е град како од бајка

 

Ѕвончето на влезната врата на продавница за сувенири во Карлови Вари, Чешка, собира прашина. Сопственикот зад касата размислува како да врзе крај со крај.

Аднан Фарид, родум од Либан, вели дека може само да седи и беспомошно да гледа му пропаѓа како работата. Карлови Вари е познато одморалиште за капење и лечилиште благодарение на бројните термални извори. Богатите Руси, кои претходно доаѓаа овде на одмор, почнаа да купуваат станови, куќи и хотели во градот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Поради приливот на руски туристи, градот брзо напредуваше додека Чешка закрепнуваше од четиридецениското комунистичко владеење. „Градот беше туристички магнет во тоа време, улиците беа преполни со клиенти. Живеевме добро“, вели Фарид.

Периодот на просперитет почна да бледне уште во 2014 година, кога Западот воведе санкции кон Русија откако таа го окупираше Крим. Дополнителен удар на туризмот во Карлови Вари му зададе пандемијата на Ковид-19, а потоа и руската инвазија на Украина која започна на 24 февруари годинава.

Празни улици, празни ресторани, Во Карлови Вари како да дошла апокалипса (Фото: АФП)

Фарид наведува дека неговиот бизнис паднал за цели 90 отсто. Денес едвај заработува за да ги покрие основните трошоци. „Кога започна војната, туристите од Украина и Русија престанаа да доаѓаат. Не правам ништо, само чекам да помине времето“, вели тој.

Во новите околности, претприемачите, особено во туризмот, сѐ повеќе се загрижени за последиците што војната во Украина ќе ги има врз нивниот бизнис.

Ридскиот град, кој е познат не само по бањите, туку и по меѓународниот филмски фестивал што се одржува во лето, се наоѓа високо на листата на најдобри туристички дестинации на TripAdvisor во Чешка, веднаш по Прага.

Низ градот тече реката Тепла, обрабена со колонади изградени во 19 век, во чии рамки се наоѓа бањата. Во рамките на овој комплекс се наоѓа големата Млинска колонада, опкружена со хотели, еден од симболите на градот.

Но, деновиве не само што продавниците за сувенири и локалните кондиторски продавници се празни, туку и на некои од нив веќе има табли за продажба на чешки, англиски и руски јазик.

„Луѓето мислеа дека на локалните хотели ќе им требаат две или три години за да закрепнат од пандемијата, но сега е јасно дека тоа нема да се случи поради војната“, рече портпаролот на градската влада Јан Копал.

Поради пандемијата и војната, многу сопственици на куќи и хотели во градот, главно Руси, решија да ги продадат своите имоти. Но, продажбата е бавна, рече Копал, бидејќи сопствениците не сакаат да ги спуштат цените.

Александар Мизјук, вработен во агенцијата за недвижности ReMax Glorion, вели дека сопствениците на имотот имале големи надежи за закрепнување на пазарот откако пандемијата почна да стивнува.

„Тие се надеваа дека туристите повторно ќе дојдат на пролет и дека сѐ ќе биде во ред, но сега имаме друг проблем“, изјави Мизјук за АФП. „Многу хотели се полни со бегалци од Украина“, вели Мизјук, кој и самиот е Украинец.

Дури и пред војната, големо украинско малцинство живееше во Карлови Вари, а од почетокот на руската инвазија на Украина, градот прими речиси 500 украински деца кои посетуваат тамошни градинки и основни училишта.

„На продажба“ – натписи на зградите на чешки и руски (Фото: АФП)

Рускиот јазик сè уште е доминантен во центарот на градот. Го зборуваат преостанатите Руси, Казахстанци и Азербејџанци, но и некои бегалци од Украина, од кои Чешка прими околу 300.000 од почетокот на војната.

Во друга празна продавница, стоејќи покрај полиците со скапи чевли и луксузни чанти, на ситуацијата се жали и продавачката Галина Жданова со потекло од Киргистан.

„Ни снемува пари, нема туристи. Малкумината што доаѓаат остануваат само ден-два и само седат во кафулињата или шетаат наоколу“, вели таа.

„Заработуваме малку, а потоа малку трошиме. Не можеме да си дозволиме одмор ниту за нашите деца, ниту за себе. Некако престанавме да веруваме во иднината“, додава тој.

И Олена Хулинова, поранешен туристички водич и една од ретките со чешко потекло што може да се најдат во центарот на градот, се сеќава и на подобри денови.

„Почна со короната. Карлови Вари изгледаше како сцена од апокалипсата – празни улици, сè затворено. Сега Русите нè напуштија и… И тие не се враќаат“, вели таа. (АФП)