Карантинот го уништил имунитетот за другите вируси кај децата


По зголемениот број на хоспитализирани деца во гевгелиската болница,  лекарите од Институтот за белодробни заболувања во Козле за НоваТВ изјавиле дека и таму имаат невообичаено висок број на прегледи и приеми на најмалите пациенти за овој период од годината.  Во мај во оваа болница имало 533 амбулантски прегледи и 128 хоспитализирани деца, а во месец јуни дури 1.472 амбулантски прегледи и 193 хоспитализации.

Лекарите оценуваат дека со враќање на животот во нормала, општеството го плаќа данокот во форма на потешки вирусни и бактериски инфекции од вообичаено, нешто со што можеби и ќе се соочиме во следните две години.

– Во последните два месеци, со падот на бројот на заболени пациенти од ковид-19, нашата институција, како и болниците ширум светот, се соочуваат со посилен бран на инфекции предизвикани од  други респираторни патогени. Овој феномен научната јавност го нарекува “данок на имунитетот” и истиот донекаде ѝ беше очекуван и се должи на малата експозиција на други респираторни патогени за време на пандемијата и неможноста да се создаде имунитет за вируси и бактерии  којшто се јавуваат при одржување на нормални социјални контакти. Најголемиот процент од  хоспитализираните деца во мај и јуни се доенчиња во првите неколку месеци од животот. Се соочуваме со инфекции кои не се вообичаени за овој период на годината – велат лекарите од Институтот во Козле. д-р Софијанова.