Каракачанов навивал за Македонија зошто е втора бугарска држава


Екс министерот за одбрана на Бугарија и прв човек на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов, во ТВ-емисијата Бугарија 24 изјави дека навива за македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.Вели дека затоа што тоа е репрезентација на втората бугарска држава. 

„Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако веќе нашата репрезентација не можеше да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација“, рече тој. 

Иронично праша дали ако не навива за Македонија, требало да навива за Турција. 

Каракачанов не е сам во тоа. На софиските улици за време на натпреварот меѓу Македонија и Украина се слушаше гласно навивање и на моменти разочарување, што асоцираше дека и меѓу граѓаните имаше многумина што ја одбраа Македонија како свој фаворит.