Кантона ја добива УЕФА претседателската награда
– Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте и што станавте. Личност која одбива да направи компромис, ги брани своите вредности, го изразува своето мислење и, што е уште поважно, го става своето срце и душа за поддршка на оние работи во кои верува, се цитира на веб-страницата на УЕФА, изјавата на претседателот на организацијата Александар Чеферин.
Наградата на Французинот ќе биде доделена на церемонијата што ќе се одржи денес во Монако.