Камион усмрти 46-годишен пешак во Струмица


Вчера во 15:35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на Булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, камион-влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрил во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко, информираа денеска од СВР Струмица.

Во инфомрацијата се наведува дека во несреќата пешакот бил тешко повреден и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал.

За настанот бил Известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид и од увидна екипа од СВР Струмица.