Камион удри во осум автомобили во Германија, најмалку 17 повредени


Германија – Најмалку 17 лица се повредени кога неидентификуван маж удри во неколку возила во центарот на Лимбург, Германија со украден камион, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случи вчера попладне. Повреден е и возачот на украдениот камион, кој е приведен.

Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено да се работи за терористички напад.Во декември 2016 година камион влета на божиќен пазар во Берлин во исламистички напад пришто загионаа 12 луѓе и над 70 беа повредени, јави ДПА.