Камион што носел јаглен за РЕК „Битола“ се судрил со трактор


 

Камион што носел јаглен за РЕК „Битола“, се судрил со трактор на сообраќајницата која минува низ село Новаци, потврдуваат за „Независен“, очевидци, жители на селото.

Сообраќајката се случила на патот Р 1311, денес околу пладне на  300 метри од зградата на Општина Новаци, во селото. Полицијата е на терен, а сообраќајот е во целосен прекин. 

Граѓанин ни ги  испрати фотографиите со објаснување дека најверојатно тракторот во движење бил зафатен од камионот по што се превртил, засега немаме официјални информации за состојбата на трактористот и очекуваме детали од СВР Битола. Подоцна од полицијата изјавија дека во несреќата има едно повредено лице.

Мешатните велат дека патот што минува низ селото е небезбеден, преоптоварен со сообраќај, најмногу поради фреквенцијата на товарни и патнички возила од и до комбинатот РЕК „Битола“ и во последните години поради транспортот на јаглен за термоцентралата. (А.Б.)