Камења врз македонскиот клуб во Благоевград, скршено стаклото


Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград судски беше затворен на 2 август 2023

 

Камења почнаа да се фрлаат и кон македoнскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Како што објави бугарската телевизии Нова и БНТ стаклото на влезната врата било скршено вечерва околу 21 часот по локално време било скршено стаклото на влезната врата. Според првичните информации, четири камења се пронајдени пред објектот. Пред клубот има неколку полициски автомобили.

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше отворен во тензична атмосфера на 30 октомври минатата година во присуство на гости од Македонија и Македонци што живеат во Бугарија.

Каменувањето на македонскиот клуб доаѓа по денешната тензична атмосфера на граничниот премин деве баир, кога поради дефект на системот стотина бугарски граѓани останаа неколку часови заглавени за да не можат да ја преминат границата. Кога потоа беа пропуштени (а некои и вратени), бугарските граѓани решија да ги сврат автомобилите назад и да заминат кон своите домови.

Тројцата приведени кои влегоа во вербален, а и физички конфликт, со македонските полицајци вечерва во судот во Крива Паланка добија глоба од 300 евра и забрана за влез во македонија во наредните три години.