Калајџиев: Во полициска држава тие што паднале од власт ќе ги оцрниме и ќе ги затвориме


Професорот Гордан Калајџиев (Фото: Б. Грданоски)

 

Професорот Гордан Калајџиев по кој знае кој пат побара политиката да ги крене рацете од правосудството и тогаш тоа ќе знае како вистински да работи. Во дебатата на ТВ Клан Македонија, тој нагласи дека изворот на проблемите во судството е во политиката и немањето политичка култура кај партиите.

Тој објаснува и како функционира полициската држава:

„Ако на обвинителите можат да има шепнат кого да изберат за претседател, замислете што сѐ друго можат да им шепнат, како на пример кого да гонат, кого да не гонат. Полициска држава е ако полицијата апси поради политичка дебата во која некој се оцрнува. А се оцрнуваат луѓе во опозиција. Тоа е најлесно. Тие што паднале од власт ќе ги оцрниме и ќе ги затвораме“.

Калајџиев додаде: „Најдобра и најбрза реформа во судството може да се постигне кого политиката ќе ги крене рацете од судството. Во моментот кога политичарите ќе ги кренат рацете судството тоа е доволно професионално и поставено на основи кои само по себе можат да дадат подобри резултати. Се додека се прави овој тип на притисок кој се сведува ‘да го исчистиме од едни, а да дојдат други’, тоа е фарса од реформи“.