Како Украинците разнесуваат лансер за термобарички ракети (Видео)


 

Украинските борци беа пресреќни откако во огромна експлозија разнесоа еден од смртоносните руски лансери на термобарични вакуум бомби.

Украинската 80-та воздушна јуришна бригада со противтенковска наведувана ракета погоди возило ТЗМ-Т возило.

На снимката се гледа како проектили се истрелани кон руски лансер ТОС-1 од еден рид пред термобаричниот лансер на ракети да експлодира со огромна огнена топка и густ чад.

Термобаричните проектили се дефинирани според нивниот тип на експлозија, која го вшмукува околниот воздух за да поттикне експлозија на висока температура, често наречена вакуум бомба.

Освен нуклеарното оружје, руските ракети „ТОС-1 Буратино“ и „ТОС-1А Солнцепек“ се едни од најсмртоносните ракети.

Ракетите се забранети според Женевската конвенција.

„Буратино“ го користат руските сили за да уништат силно заштитените воени позиции.

Тој работи така што иницира мала експлозија која ослободува хемиски гасен облак кој троши кислород во даден простор. Вториот експлозив го пали гасот, создавајќи огромна експлозија која потоа го вшмукува околниот воздух.

Ова видео дојде во моментот кога се појави снимка од руски воздушен напад кој го уништува украинскиот уметнички центар „Палата на културата“ во областа Лозова со проектил кој се смета дека е лансиран од стратешки бомбардер додека Владимир Путин започнува голема нова офанзива на истокот на земјата.

Се верува дека нападот во петокот во областа Лозова во Харков е ракета „Кх-22“ лансирана од руски бомбардер „Ту-22М3“, според експертот за одбрана Роб Ли.