Како поминале пет тони марихуана преку граница и каква е улогата на ДЕА, прашува СДСМ


Кутиите со запленетата дрога во Србија

 

Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (ДЕА) за трговијата со марихуана, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ.

„Поради оваа меѓународна соработка, премиерот Мицкоски веќе една недела нема одговор на клучното прашање: како 5 тони марихуана успеале да ја преминат границата, да излезат од Македонија и да влезат во Србија?

Овој молк не е случаен, туку индикатор дека во тврдењата има вистина. Бидејќи фактите укажуваат дека без поддршка на структури во власта, МВР, Царината и други институции, ваква огромна шверцерска операција би била невозможна.

Затоа е паниката во власта. Дали Симе, од сликите со Мицкоски е исто така дел од мрежата?“, рече Димитриевиќ.