Како лажеа Путин и Захарова за воената интервенција (ВИДЕО)

Руските медиуми наголемо ги објавуваа изминатите денови потсмевањата на претседателот Владимир Путин и на портпаролите на Кремљ, Дмитриј Песков и Марија Захариева за наводните западни лажни најави дека ќе има руска интервенција во Украина.
Па така, Захариева пред медиумите прашуваше дали e објавено точното време кога ќе почне војната бидејќи, не можејќи да разбере информациското лудило што се случува.
Таа исто така иронично побара од американските и британските медиуми да го објават распоредот за наводната руска инвазија на Украина за да може да го испланира својот одмор. Од таа изјава таа веќе не е видена во јавноста за да каже „колку е саат“ и дали ова што го гледаме во Украина е шега или агресија, односно кој лажел – Путин или американскиот претседател Џо Бајден?
Захарова дури бараше и извинување што со ваквите изјави западните лидери ги вознемирувале украинските, руските и другите граѓани.