Како изгледа картата за ризик од пожари: Целиот Медитеран е во екстремна опасност, жешки точки и во Македонија


На мапата можат да се видат областите во кои ризикот од пожари е исклучително висок, како и активните пожари

За да им помогне на спасувачките служби, програмата Коперник на ЕУ (Copernicus Emergency Management Service (EMS) објавува мапа на најранливите области секој ден. На мапата може да се видат областите во кои ризикот од појава на пожари е исклучително висок, се до области каде што е многу низок. Покрај тоа, означени се и активните пожари.

Се посочува дека пожарите во Грција и Турција полека се стабилизираат, но тоа не значи дека опасноста поминала. Поради екстремните и многу топли временски услови во овие земји, опасноста од нови пожари е се уште голема. Исто така се посочуваат и пожарите кои во моментов се активни на југот на Франција, Хрватска, Црна Гора, Албанија и во Македонија.

 

Copernicus EMS On Demand Mapping објавува вакви карти секојдневно на Твитер, и покрај мапите за опасност од пожар, објавува детални информации во други итни случаи што можат да се појават поради природни или вештачки катастрофи.

Таков пример е фотографијата од пожарите во Евија, Грција .

Исто така се изготвуваат детални предупредувачки мапи за веќе споменатите пожари, поплави и суши. На пример, Коперник ЕМС предупреди на можноста за големи поплави во делови од Франција и Германија пред тие да се случат во јули.

Податоците добиени од земјите -членки и сателитите во орбитата на Земјата се користат за создавање модели за предвидување и мапирање. Во комбинација со различни компјутерски модели, тие можат да создадат мапи на ситуации и мапи за прогнози кои потоа можат да се користат за да се спречат големи катастрофи и загуби на човечки животи.