Каис Саид повторно претседател на Тунис


Претседателот Каис Саид освои втор мандат на изборите во Тунис со 90,69 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати, објави во понеделникот изборната комисија.

Излезноста на изборите во неделата беше 28,8 отсто. Саид на изборите се соочи со двајца противници – неговиот поранешен сојузник кој стана критичар, лидерот на партијата Чааб Зухаир Магзауи и Ајачи Замел, кој беше затворен минатиот месец.

Саид беше фаворит за освојување на својот втор претседателски мандат, откако неговиот главен ривал беше затворен минатиот месец, а другиот противник беше лидер на помала политичка партија. Политичките случувања во Тунис се сметаа за единствената релативно успешна приказна за Арапската пролет во 2011 година поради воведувањето на демократијата по децениското автократско владеење. Сепак, групите за човекови права тврдат дека Саид, кој е на власт од 2019 година, променил дел од демократскиот развој со отстранување на институционалните и законските ограничувања на неговата моќ.