Кадриу: Обвинителот што штитеше некого за Модуларната болница сега е во Кочани


Фото: Б. Грданоски

Обвинителката Лејла Кадриу, која на полчетокот ја водеше истрагата за трагедијата со Модуларната болница во Тетово, а потоа беше разрешена, со објава на Фејсбук ја шокираше македонската јавност.

Како што открива обвинителката, истиот обвинител од ОЈО Скопје кој, според објавата, ја саботирал истрагата за Модуларната болница и штител некого, сега бил испратен како помош во Кочани. Кого треба да заштити овојпат, прашува обвинителката.