Каде е францускиот анти Кремљ кандидат?

Четворицата водечки претседателски кандидати во Франција или отворено го поддржаа рускиот претседател Владимир Путин за време на нивната кампања или избегнаа експлицитно да ја критикуваат Русија 


Неуспешниот обид на Емануел Макрон да ја спречи ескалацијата на тензиите во Украина им даде златна можност на неговите ривали да го критикуваат францускиот претседател пред изборите во април – но никој од нив навистина не може да тврди дека би направил подобро.

Четворицата водечки кандидати кои се натпреваруваат против Макрон за претседателската функција или отворено го поддржуваа рускиот претседател Владимир Путин за време на нивната кампања, или избегнуваа експлицитно да ја критикуваат Русија.

Еден ден откако Путин им нареди на своите воени сили да влезат во окупираните области на Доњецк и Луганск, некои високи политичари во Франција сè уште беа внимателни во критиките кон Кремљ, и покрај фактот што неговиот агресивен потег може да го предизвика најкрвавиот конфликт на европскиот континент од Втората светска војна. Во вторникот, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која има долготрајни врски со Кремљ, ги нарече движењата на руските трупи во Украина  чин „ за жалење“ , но рече дека „сè уште верува во дипломатијата“.

Додека екстремната десница долго време  е блиска со Русија, амбивалентноста кон Путин е особено впечатлива во мејнстрим конзервативниот камп во Франција, при што многумина се колебаат меѓу барањата за цврст став кон Русија и почитувањето на визијата што ја застапуваше Шарл де Гол, кој ја повлече својата земја одвоената компонента на  НАТО и се обиде да ја воспостави Франција како алтернативна сила за време на Студената војна.

Валери Пекрес, претседателскиот кандидат на конзервативната Републиканска партија, ги осуди постапките на Путин во вторникот, но брзо ја префрли вината на „арогантната и осамена дипломатија“ на Макрон, велејќи дека неговото неодамнешно патување во Москва било задоцнето. Минатиот месец, таа одржа „европска конференција за безбедност“ на која требаше да бидат вклучени европски лидери и Русија, повикувајќи во текстот објавен од „Монд“  „нашите руски пријатели“ да се ангажираат со европските партнери за решавање на украинската криза.

Одлуката на Путин да интервенира во Украина им нанесе фатален удар на дипломатските напори на Макрон да го обнови дијалогот со Русија, и покрај средбата од висок профил  со  рускиот претседател. Неуспешните напори на Макрон да дејствува како посредник на Европа и да обезбеди деескалација во кризата, исто така, некои ги оценија како опортунистички, бидејќи францускиот претседател во наредните денови се очекува официјално да објави дека ќе бара реизбор.

Но, иако неговите постапки беа широко критикувани надвор од Франција, далеку е од тоа дека гласачите ќе го казнат Макрон затоа што сам се спротивстави на Русија. Амбивалентниот став на десничарските кандидати кон Русија го одразува поширокиот пркос во земјата кон меѓународните партнери кога станува збор за одбрана на интересите на земјата.Во студијата спроведена во јануари и објавена од Европскиот совет за надворешни односи,  само 47 отсто од испитаниците Французи изјавиле дека имаат доверба дека НАТО  ќе ги заштити интересите на граѓаните на ЕУ во случај на руска инвазија на Украина, што е најниско ниво меѓу седум анкетирани земји.

„Некритичката сатисфакција од  Русија ја завладеа француската политичка класа и тоа е очигледно кај десницата“, рече Тара Варма, висок политички соработник и шеф на париската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи. „Порано, тоа беше ограничено на екстремната десница и левица, но сега влијае и на владејачките партии“.

„Кај десницата има галистичка носталгија кон Москва“, рече Пјер Селал, поранешен француски амбасадор во ЕУ. „Од Кај левицата, пак, се  нечујни за овие прашања… Тие имаат говорни поенти што звучат двосмислено“.

Јаник Јадот  е претседателскиот кандидат кој го усвои најцврстиот став кон Русија, нарекувајќи ја „диктатура“, а Путин „крвав диктатор“. Јадот моментално е во анкетите со  5 проценти.

Меѓу бранителите на Путин е и Ерик Земур, екстремно десничарски ТВ експерт кој стана кандидат и кој неодамна го нарече претседателот „руски патриот“ кој има право да ги „брани руските интереси“.Лидерот на крајната левица Жан-Лук Меланшон, единствениот левичарски кандидат во моментов со двоцифрен број во анкетите, ја нарече Русија „партнер“. Неговиот проруски став е претежно проткаен со непријателство кон САД.

Земур не го спомна Путин по име во неговата изјава по настаните во Украина. Наместо тоа, тој јасно стави до знаење дека сегашната ситуација е „исто така“ резултат на „политиките водени од Западот и НАТО“, при што се залагаше против санкциите и  предложи да се прогласи крај на источното проширување на НАТО со нов договор.

„Кај  екстремната десница и левица очигледно е дека тие претрчуваат низ поентите на Путин“, рече Натали Лоазо, француска европратеничка и сојузник на Макрон, која претседава со поткомитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент. „Кај републиканците  отсекогаш имало  восхитеност кон Путин“.

По воената интервенција на Русија во Украина, проруските позиции сепак ќе станат потешки за одржување за многу претседателски кандидати. Пекрес, конзервативниот кандидатка, минатата сабота јасно стави до знаење дека пораката на Европа до Русија мора да биде „цврста како челик“. Но, нејзиниот тон беше во контраст со нејзиниот претходен авторски текст, во кој пишуваше за „вечната Русија… онаа на Толстој и Пушкин, земјата што ја познавам и ја сакам“, и која е „дел од европскиот континент“.Пекрес не се трудеше да биде резервирана кога ја изрази својата љубов кон Русија и нејзините автори во други интервјуа. Таа еднаш рече дека научила руски откако го прочитала „Доктор Живаго“ на Борис Пастернак и му се обрати на „гордиот руски народ“ на руски за време на неодамнешното ТВ гостување.

Најголем доказ за ставот на републиканците кон Русија е фактот што Франсоа Фијон, поранешен премиер на Франција и сојузник на Пекрес, неодамна се приклучи на бордот  на најголемиот руски петрохемиски производител Сибур, сопственост на бизнисменот Генадиј Тимченко, близок соработник на Путин. Во јуни, Фијон се приклучии  на бодрот  на друга руска компанија, Зарубежнефт, која врши истражување на нафта и гас. Блискоста на Фијон со руската моќ доведе до тоа некои владини функционери, вклучително и Клеман Бон, министерот за европски прашања, да побараат од Пекрес да ја „разјасни својата позиција“ во однос на поранешниот премиер, кој „се обесчестува себеси нудејќи ги своите услуги за руските финансиски интереси“. (Политико)