Јужна Кореја најави учество во изградба на гасовод на Алјаска


Јужна Кореја ќе се вклучи активно во разговорите со САД за изградба на гасовод во Алјаска, соопшти денеска Министерството за трговија, индустрија и енергетика во Сеул.

Министерството истакна дека овој проект претставува заеднички интерес за двете земји.

Во својот говор пред Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Јужна Кореја, Јапонија и други земји се подготвени да соработуваат со САД на изградбата на „гигантски“ гасовод во Алјаска.