Јутјуберот Тревор Џејкоб мора да оди во затвор за намерно уривање на авион


Случајот со познатиот јутјубер Тревор Џејкоб заврши со пресуда според која тој треба да помине шест месеци во федерален затвор откако намерно урнал авион заради гледаност.

Поранешниот олимпиец призна дека ги лажел инспекторите и отстранувал докази. Сега конечно треба да заврши долгата истрага, при што Џејкоб ја изгубил пилотската дозвола.

Сè започна во декември 2021 година кога Џејкоб објави видео на видео сервисот YouTube наречено „I Crashed My Airplane“. На видеото се гледа како Џејкоб скока од авионот поради наводен дефект на моторот, а потоа авионот се урива. Џејкоб слезе со падобран, а потоа одеше до урнатините за да ги извади бројните камери кои беа прикачени на авионот.

Видеото брзо стана вирално, но му донесе и проблеми. Другите пилоти почнаа да ги преиспитуваат работите прикажани на видеото. Џејкоб рече дека секогаш носи падобран со себе за време на летот, но типот што го имал со себе не бил таков што вообичаено би го носел пилотот. Други забележале дека има противпожарни апарати во панталоните додека скокнал од авионот. Претходно оваа година, тој се изјасни за виновен за уништување на авион и прикривање докази со намера да ја попречи федералната истрага.

Јутјуберот во еден момент им рекол на истражителите дека не знае каде е авионот, но на 10 декември 2021 година тој и неговиот пријател користеле хеликоптер за да ги подигнат остатоците од авионот од местото на несреќата. Џејкоб потоа ги уништил и ги фрлил доказите.

Во 2022 година, Федералната управа за авијација му ја одзеде дозволата за пилот поради откритијата поврзани со авионската несреќа. Во дел од договорот за признавање вина на Џејкоб стои дека тој никогаш немал намера да го заврши летот и дека имал спонзорски договор за промовирање на производот во видеото.

Џејкоб му напиша писмо на судијата задолжен за неговиот случај, во кое се извини за неговите постапки и нагласи дека темелно ја истражувал рутата на авионот за да се увери дека нема луѓе, згради или пешачки патеки во близина на местото на несреќата. Тој додаде дека не требало да ја реализира својата идеја.

Во меѓувреме, ФАА му ја врати пилотската дозвола, но тој ќе мора да помине шест месеци зад решетки пред да може повторно да лета.