ЈСП: Во понеделник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
ЈСП информира дека во понеделник на 8.12.2025 год. поради државниот празник Св.Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
„Дежурна од 8 до 14 часот ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а Жичарницата вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови“, велат од ЈСП.