ЈСП ќе обезбеди бесплатен превоз за манифестацијата „Бела ноќ 2026“ во сабота
По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, која ќе се одржи во сабота, ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз.
Манифестацијата е предвидено да започне во 18:00 часот во сабота, а да заврши во 03:00 часот во недела.
„Бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата“, велат од ЈСП.
Оттаму ги повикуваат граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од настанот.