ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на почетокот на овој месец постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ на приземје, каде корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките веќе се достапни и преку апаратите за наплата поставени на неколку локации низ градот – СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и во ГТЦ на приземје.