ЈП „Комунална хигиена“ ги засука ракавите – чисти, мие, собира ѓубре…


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со интензивирање на
активностите за одржување на чистотата и хигиената во градот. Како и досега
активностите продолжуваат и во наредниот период.

Претпријатието ќе спроведе значајна акција за миење на контејнерите за отпад и на локациите каде што се поставени истите. Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, како и на околното подрачје, со цел да се задржи високо ниво на хигиена и да се подобри изгледот на јавните површини.

Покрај тоа, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје вршат и активност за рачно и машинско миење на улиците и булеварите низ сите општини на градот. Овие активности ќе се реализираат со помош на специјализирани автоцистерни кои ќе се користат за ефикасно чистење на асфалтот и останатите јавни површини. Акцијата ќе се спроведува етапно и редоследно со цел да се постигне максимална покриеност и квалитет на изведување на работите.

Сите активности за одржување на хигиената на јавните површини се спроведуват согласно
Оперативниот план за одржување на јавната чистота на градот Скопје. Целта е да се
обезбеди чиста и уредна средина и да се подобри квалитетот на живот на граѓаните.