Јорданов вети дека општината ќе работи за граѓаните на Штип

Новиот градоначналник на Штип, Иван Јорданов официјално седна во градоначалничката фотелја, од каде порача дека вратите на општината се отворени за сите сограѓани и за жителите на Општина Штип.
– Ќе бидеме сервис и слуги на нашите сограѓани и дека сето она што го имаме ветено со многу љубов, енергија и желба ќе го завршиме. Работата на локалната самоуправа од денес официјално започнува и убеден сум дека ќе ја оправдаме довребата заеднички да создадеме нова иднина за Штип и за сите наши сограѓани – рече Јорданов.
Тој пред медумите рече дека ќе склучи коалиција со народот и се надева дека граѓаните ја препознале новата иднина и ќе создадат вредности за гордост.
-Од денес официјално институциите под локална самоуправа ќе служат на сограѓаните. Ќе се зафатиме со реорганизација на институциите под локална самоуправа и да ги довршиме започнатите проекти кои со месеци чекаат да бидат реализирани. Граѓаните треба да ја вратат довербата, рече тој.
Рече дека во следните денови ќе искомуницира со актуелните директори, но ќе понуди и свои кадри и редовно и секојдневно да се обавуваат задачите, за да се подобри функционалноста. Имињата на нови директори, рече тој, сѐ уште се шпекулации.
Во однос на отпуштање на вработени поради партиската припадност тој рече дека сите вработени треба да бидат сервис на граѓаните, на тоа се обврзале и со тоа ќе работат наредните четири години.