ЈО: Ја прифаќаме и поздравуваме реакцијата на ЗНМ и ССНМ
Јавното обвинителство ја прифаќа и ја поздравува реакцијата на ЗНМ и ССНМ, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство што МИА го пренесува во интегрална форма.
Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста.
Обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено остварување.