Јавноста на нозе, обвинителите бараат воздржаност од политичарите околу Груби
По лавината реакции во јавноста за одлуката поранешниот вицепремиер Артан Груби да одие во куќен наместо во ефективен притвор Здружението на јавните обвинители побара политичките партии и функционерите да се воздржат од јавната реторика со која се нарушува самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето.
„Изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители, коментирајќи ги јавнообвинителските одлуки без воопшто да бидат запознаени со конкретен предмет и доказите. Ова кулминираше во политичките коментари во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот ‘Државна лотарија’“, велат од Здружението..
Оттаму посочуваат дека како Здружение немаат овластување да ги коментираат одлуките на јавните обвинители по конкретни предмети, но имаат право и обврска да ја заштитат самостојноста на обвинителите.
Оваа реакција во голема мерка се однесова на вчерашната изјава на министерот за правда Игор Филков, кој ги повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител и кај судијата.