Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор
Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да се одржи јавна расправа за работните верзии на неколку закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.
На јавната расправа треба да бидат разгледани Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.