Јанушев: ВМРО ги немаше снимките за „Рекет“
Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој нагласува дека имаат заеднички точки со партиите на Албанците во земјава. Јанушев заклучува дека предвремени парламентарни избори се единствениот излез од политичката криза во земјава.