Јакимовски до Мицкоски: Дивоградбите се анархија


Фото: Б. Грданоски

 

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, го прашува премиерот Христијан Мицкоски дали тој промовира анархија и беззаконие во државата. Повод за реакцијата на Јакимовски е изјавата на Мицкоски пред некој ден во Брвеница дека „неговата филозофија во животот е да гради, а не да урива“. Премиерот беше запрашан од новинар дали Македонија ќе го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама во уривање на дивоградбите.

Стевчо Јакимовски на оваа изјава реагира со зборовите:

„Многу јака филозофија си имал. Ти си бил за градење, а знаеш ли дека дивоградбите не се градење туку се анархија. Очигледно твојата филозофија е беззаконие, не постои премиер во светот што поддржува беззаконие. За тебе се битни оние што градат на државно земјиште, без урбанистички планови и без стандарди. Ние мислевме дивоградби градела мафијата, а тоа биле твоите партнери. Затоа ли го предложи твојот другар за кандидат за градоначалник на Карпош? За да може да дивеете низ Карпош? Е, мало сутра“.