Изречени 915 казни за неносење маски


Фото: Б. Грданоски

Деветстотини и петнаесет прекршоци се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.