Израелската полиција тепаше и ќе го превртеше ковчегот со новинарката на Ал Џезира (Видео)


Белата куќа вечера ја опиша како „длабоко вознемирувачка“ снимка од погребот на новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех во Ерусалим, на која се гледа како израелската полиција ги тепа ожалостените во погребната поворка.

– Сите ги видовме овие сцени, кои се очигледно длабоко вознемирувачки – им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и изрази жалење поради упадот во погребната поворка, која требаше да помине мирно и да биде посветена на сеќавањето на исклучителната новинарка.

Европската унија, исто така, го осуди насилството, велејќи дека е „згрозена од сцените“, како и несразмерната употреба на сила и непочитувањето на учесниците на поворката, оценувајќи ја како мирно простување, а не малтретирање и понижување, како и жалење во мир, со израз на минимална човечка почит, објавија израелските медиуми.

Израелските полицајци ги нападнаа Палестинците кои го носеа ковчегот на новинарката  низ Стариот град во Ерусалим во излив на тага и гнев поради нејзиното убиство.Набиени околу ковчегот на Абу Аклех, десетици Палестинци, од кои некои вееја палестински знамиња и извикуваа „со душа и крв ќе те откупиме Ширин“, почнаа да одат кон портите на болницата Свети Јосиф.

Израелските полицајци, во очигледен обид да ги спречат да продолжат пеш наместо да го носат ковчегот со автомобил, упаднаа низ портите  и се нафрлија на толпата, а некои ги тепаа со палки.Во еден момент, групата што го носеше нејзиниот ковчег се потпре на ѕид и за малку ќе го испуштеше ковчегот, при што едниот крај  удри на земјата додека се активираа шок бомби.
Насилните сцени, кои траеја само неколку минути, го зголемија гневот на Палестинците поради убиството и може да поттикнат зголемување на насилството кое ескалира од март.