Израел ослободи 80 палестински затвореници од Појасот Газа, повеќето се во лоша здравствена состојба


Израел утринава ослободи 80 палестински затвореници од Појасот Газа, соопштија медицински извори.

Изворите наведуваат и дека повеќето од ослободените се во лоша здравствена состојба, а многумина се хоспитализирани.

Затворениците беа ослободени на израелскиот премин Кисуфим во близина на Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Министерството за здравство во Газа објави дека вкупниот број на Палестинци убиени во израелските напади од 7 октомври 2023 година се искачи на 50.846.

Вкупно 115.729 лица се повредени во израелските напади врз енклавата во истиот период, соопшти Министерството.

За потсетување, ОН проценуваат дека околу 124.000 Палестинци се раселени откако Израел продолжи со нападите врз Газа.

Во ноември 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во енклавата.