Изминатиот јули – најтопол месец од 1880 година
Изминатиот месец јули бил најтоплиот месец на Земјата од кога почнало мерењето на температурата во 1880 година, што е уште еден рекорд за кој научниците велат дека се должи на глобалното затоплување.
Американската национална администрација за океани и атмосфера денеска соопшти дека јули бил за 0,95 целзиусови степени потопол од просекот за тој месец во 20. век. Минатомесечните температури го урнаа претходниот рекорд, поставен во 2016 година и тоа за 0,03 степени.
Јуни годинава, исто така, забележа рекорд за тој месец за изминатите 140 години
Тековната година досега е за 0,95 степени потопла од долгогодишниот просек, но и натаму е зад рекордот поставен во 2016 година.