Изложба на Тања Балаќ „Телото што ја памти тишината“ во МСУ
Во Музеј на современата уметност вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на уметницата Тања Балаќ, која ќе се претстави со новиот проект „Телото што ја памти тишината“ – мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство.
Изложбата е структурирана како просторно и визуелно искуство што се одвива во две целини: инсталација во изложбениот простор и видео проекција во кино салата. Преку минимални, но внимателно артикулирани елементи — светлина, боја и движење — авторката создава амбиент што повикува на засилена перцепција и внатрешна концентрација.
Во фокусот на проектот е идејата за телесна меморија — како тивко, често невидливо присуство што ги носи и трансформира искуствата, без нужно да се манифестира директно или наративно. Проектот се навраќа на интимни и суптилни состојби, отворајќи простор за нивно ненаметливо, но силно доживување.
Со овој проект, Тања Балаќ продолжува континуирано истражување низ повеќе од три децении творештво, каде личното искуство се преплетува со пошироки прашања за присуството, ранливоста и тишината.
Текстот за изложбата го напиша Алесандра Чианети, кураторка од Лондон, а изложбата ке ја отвори проф.д -р Антоанела Петковска, редовен професор при Институт за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ.