Изложба на Кирил Гегоски во македонскиот КИЦ во Тирана


Во македонскиот Културно-информативениот центар во Тирана вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Кирил Гегоски. 

– Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата. Уметничкиот израз е исполиран до последниот детаљ, што може да се сфати како производ на воздржаниот, но софистициран фокус на авторот за потенцирање на суштината на нештата, беспрекорната реализација, а пред сè, извонредното чувство и познавање на својствата на материјалите што ги користи, соопшти Националната галерија на Македонија. 

Изложбата ќе биде поставена до 10 октомври 2025 година, нудејќи им на посетителите внимателно изградена форма на размена и размислување за современата уметност и нејзиниот социјален и културен потенцијал.

Кирил Гегоски е роден е на 27.3.1944 година во Прилеп. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје, во 1964 година. Член е на ДЛУМ (од 1968) и на ДЛУБ (од 1990). Во 1979 г. ја користел сојузната стипендија „Моша Пијаде“ во Париз. Студиски патувања: Италија, Грција, СССР, Франција, Полска.

Добитник е на многу награди, а има настапувано на повеќе групни и самостојни изложби во земјава и странство.