Излезноста во 9 часот три отсто, во Чаир само еден отсто

Најголемата излезност е во Пробиштип - 9,5 отсто. Во Кичево е 5,42, а во Струга, Тетово и Куманово над два проценти. Најмала излезност има во Сарај - само 0,72 отсто


Фото: Б. Грданоски

 

Мала е излезноста во утринските часови на вториот круг на локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија излезноста до 9 часот изнесува 3,03 отсто во општините каде се избира градоначалник. 

Најголемата излезност е во Пробиштип – 9,5 отсто, па во Лозово, Ранковце, каде има над осум отсто. Исклучително мала излезност има во двете скопски општини, Чаир и Сарај, каде што гласањето заврши во првиот круг. Во Чаир излегле само 1,09 отсто, а во Сарај едвај 0,72 отсто. Во двете општини се гласа само за градоначалник на Скопје. Таму во првиот круг беа избрани за градоначалници кандидатите на „Вреди“.

Во другите скопски општини излезноста е поголема – најголема е 3,54, а во другите е меѓу два и три проценти.

Во општините каде што се очекува најнеизвесен дуел излезноста е ваква: Кичево 5,42, Струга 2,99, Тетово 2,51, Куманово 2,13, Карпош 3,08, Центар 2,84.