Излезноста до 17 часот е 38,23 отсто
До 17 часот од стигнати податоци за 99,42 од избирачките места, гласале 665.000 граѓани, што претставува 38,23 отсто од вкупниот број гласачи.
Како што рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кога ќе стигант податоците од сите сто проценти изборни места, веројатно ќе бидат повеќе од 660.000 гласачи.
Според претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, до затворање на избирачките места во 19 часот, цензусот од 40 отсто ќе биде исполнет.
„Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус“, рече Деркоски.
Во Аеродром гласале 45 отсто од гласачите, Битола 45,50, Богданци 49,98 отсто, во Валандово 51 отсто, 57 отсто во Вевчани.
Најголем одѕив има во Демир Капија и Демир Хисар – 60,28 отсто, и во Крушево – 59,68 отсто.
Во Арачиново гласале 26,18 отсто од гласачите, во Боговиње 14 отсто, во Врапчиште 15 отсто, а во Гостивар 19 отсто.
Изборниот ден, според ДИК, поминува без посериозни нарушувања и изборни нерегуларности.
Заедно со претседателските избори, во Охрид и во Ново Село се одржуваат и предвремени локални избори. Во Ново Село гласале 43 отсто од гласачите, а во Охрид 47.02 отсто.
Досега до ДИК стигнале два приговори за нарушено избирачко право. Комисијата ги одбила поради тоа што гласачите доцна извадиле лични документи и не се пријавиле на време. За сите наводи за нерегуларности, Деркоски порача дека треба докази и да се достават до надлежните органи и до ДИК.
Во првиот круг излезноста до 17 часот била 34,41 отсто.