Изгореа викендичка во Долна Матка и кафеана во Гази Баба


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Вчера, во пожар изгореа викендичка во Долна Матка и угостителски објект на подрачјето од Гази баба, соопшти полицијата.

Имено, во неделата во 16:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долна Матка, скопско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Ј.Д.(71) од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Истиот ден, во 9.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба во Скопје.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.