Изгореа хаварисани возила во кругот на струмичката болница

Утрово во 05:05 часот изгореа две хаварисани возила во кругот на струмичката болница, информираа од ТППЕ Струмица.
Според информацијата, во гаснењето на запалените возила интервенирале со едно против пожарно возило и тројца пожарникари.
Во информацијата се додава дека пожарот бил локализиран и ликвидиран за кратко време по пристигнувањето и било спречено негово проширување на околните објекти.
Извршен е увид на местото на пожарот, а причините ќе се испитуваат.