Изгоре локомотива на железничката станица кај Велес
Локомотива на „Македонски железници“ изгоре денеска, пред железничката станица „Рајко Жинзифов“.
Според првичните информации се работи за електрична локлмотива, пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени.
Се прави увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата е целосно изгорена.
Од „Македонски железници“ известија дека околу 15 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните. Поради непристапноста за гаснење на локомотивата со протипожарно возило истата се гаснела со апарати. Пожарот се уште не е целосно саниран, но според известувањето од „Македоски железници“ тоа е при крај.
Се очекува комисија од „Железници“ да излезе и да изврши увид, а железничкиот сообраќај е во прекин.