Изгоре Цитроен кај Клинички центар, огнот зафатил уште едно возило и фасада на зграда


Фото: Б. Грданоски

Се запали и изгоре патничко моторно возило „цитроен ксара“ во улица спроти Клиничкиот центар во Скопје. На терен веднаш интервенирала противпожарна служба. Причинета е материјална штета, а пламените јазици зафатиле фасада од зграда во близина, како и дуго возило марка „фиат пунто“.

„Денеска во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информира МВР.