Изгаснат пожарот кај „Бисер“ во скопски Аеродром – вчера се поплави, денеска се запали


Од вчерашното невреме

По брзата интевенција на противпожарната бригата, изгаснат е пожарот во подрумските гаражни простории.

Во текот на денот ќе се утврдува штетата за пожарот. Не се исклучува причина да биде и проблем со електричната инсталација.

Имено, како што извести ТВ 24 пред половина час избил пожар при што беа зафатени гаражни простории под трговскиот центар „Бисер“. Две екипи на противпожарната бригада беа на терен. Од екипите на терен за ТВ 24 најавуваат повеќе информации во текот на денот.