Избоден скопјанец пред кафуле во Аеродром


Во вторникот, во СВР Скопје, А.Л.(48) од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку лица.

Тој се здобил со убодни рани, по што бил пренесен во приватна болница во Скопје за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.