Избоден 20-годишник на новогодишната ноќ во Скопје
За време на новогодишната ноќ имало три физички напади во Скопје, а едно лице со повреди од нож е хоспитализирано на Клиника.
Се работи за 20-годишник, кој во моментов е во стабилна здравствена состојба.
Во Ургентниот центар биле извршени 103 прегледи од кои три по сообраќајни незгоди.