Отстранет и првиот билборд од Железничката станица во Скопје


„Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на Железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата.

Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди”, напиша Синиша Ивановски, директорот на МЖ Инфраструктура на својот фејсбук профил и објави видео од денешната акција.