Иванка Трамп сослушана под заклетва поради злоупотреба на пари


САД– Иванка Трамп е сослушана под заклетва во рамки на граѓанскиот спор, кој се однесува на злоупотреба на непрофитни средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години. Иванка е ќерка и советничка на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Канцеларијата на државниот обвинител во округот Колумбија, Карл Расин, откри во судскиот акт дека излагањето било спроведено завчера, пренесе Ројтерс.

Во тужбата од јануари 202о година, Расин тврди дека фирмите за недвижнини на Доналд Трамп и други субјекти злоупотребиле непрофитни фондови за да го збогатат семејството Трамп.

Според тужбата, непрофитна корпорација ослободена од данок под името „58.претседателски основачки комитет“ координирала со семсјтвото Трамп за да значително го преплати просторот за настан во хотелот „Трамп Интернешнал“ во Вашингтон.

Во еден случај, непрофитна организација наводно платила над 300.000 долари за одржување на приватен прием во хотелот Трамп за три деца на претседателот – Доналд Џуниор, Иванка и Ерика – на вечерата за инаугурацијата на 20 јануари 2017 година.