Интервју со Лидија Трипуноска: „Марили бизнис форумот“ посветен на туризмот
Манифестацијата постои речиси три децении и нејзината цел е промоција и поддршка на успешноста на жената како жена лидер, менаџер и претприемач

На 17 мај во Скопје, маркетинг агенцијата „Марили“ организира два настана „Марили Бизнис Форум“ претладнето и свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ вечерта, на која ќе бидат наградени 13 лауреатки од земјава и регионот. Тоа беше поводот да поразговараме со Лидија Трипуноска, генерален менаџер на маркетинг агенција „Марили“ од Скопје која вели дека немаме доволно жени во раководните структури и поради тоа организирањето на еден економски форум на којшто жените можат да дебатираат, дискутираат и одлучуваат за најважните економски теми е благодат
На 17 мај во Скопје, маркетинг агенцијата „Марили“ организира два настана „Марили Бизнис Форум“ во претпладневниот дел од денот и вечерна свечена манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ на која ќе бидат наградени 13 лауреатки од земјава и регионот. Како се поврзани овие два настани?
Трипуноска: Агенција „Марили“ по 4-ти пат го организира регионалниот „Марили Бизнис Форум“ посветен на туризмот во претпладневието, а истот ден во вечерните часови ќе се одржи свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ по 29 пат како регионален настан на кој ќе бидет наградени 13 лауреатки од земјава и регионот.
Манифестацијата постои речиси три децении и нејзината цел е промоција и поддршка на успешноста на жената како жена лидер, менаџер и претприемач. Овој дел е посветен на нивното наградување, односно признание за сите напори и успеси.
Сепак, немаме доволно жени во раководните структури и поради тоа организирањето на еден економски форум на којшто жените можат да дебатираат, дискутираат и одлучуваат за најважните економски теми, говори дека се рамноправен чинител во општеството и токму затоа го организираме.
Секако, Форумот не е поделен родово, не е наменет само за жени, туку на него присуствуваат експерти, и мажи и жени, што го потврдува горенаведеното.
Годинава, по четврти пат се одржува регионалниот „Марили Бизнис Форум“ 2025, овој пат посветен на туризмот и развојот на сите негови форми? Од каде идејата оваа година да се посветите токму на туризмот?
Трипуноска: Туризмот претставува една од најперспективниот сегменти во стопанскиот развој и треба да биде еден од петте столба на економскиот развој на нашата земја, за што ги имаме сите предуслови. Форумот е регионален за да ги слушнеме, и доколку е можно, да ги примениме позитивните искуства од регионот, но и заеднички да работиме на некои заеднички проекти. Сите содржини ќе се дискутираат во три панел сесии, едната посветена на алтернативниот туризам, еко туризмот и руралниот туризам, втората посветена на хотелско-туристичката индустрија и последниот панел е посветен на ено-гастро концептот, како современ и автентичен начин на промоција на туризмот.
Ќе ги согледаме искуствата и од Р. Србија и од Р. Хрватска од реалниот сектор, ќе дискутираат и стопанственици и експерти од нашата држава, а секако за да се заокружи дебатата за развој на туризмот, ќе дискутираат и претставници од државни институции, од научната фела, стопанските комори, бизнис секторот, а секако добредојдени ќе бидат и интерактивните дискусии и прашања на публиката.
Кој годинава ќе се закити со стауетка на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ и по кои критериуми ги одбирате наградените лауреатки?
Трипуноска: Годинава ќе се одржи 29-то издание на манифестацијата „Најуспешни жени менаџери“ каде што ќе доделиме статуетки „Жена водилка“ на 13 лауреатки, најусшешни жени менаџери од земјава и од регионот. Две од наградените доаѓаат од Р. Србија и Р. Хрватска а останатите доаѓаат од целата наша држава.
Наградените се избираат по веќе воспоставени критериуми, сите доаѓаат од приватниот сектор, сите се препорачани од свои колеги или деловни соработници за нивното континуирано успешно менаџирање во различни областви и дејности и секако, се почитува личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор.
Годинава лауретаките доаѓаат од прехренбената индустрија, од хотелско-туристичкиот сектор, медицината, естетската медицина, осигурувањето, сообраќајот и безбедноста, уметноста, недвижнините, козметологијата и др.
Борбата за родова еднаквост во сите пори на општеството е цел на сите Ваши проекти. Од каде поривот да ја водите оваа борба и дали има позитивни поместувања и промени во однос на женските права во општествената, образовната и економската сфера?
Трипуноска: Постоењето на проект којшто трае три децении говори за суштинската потреба на жената да се етаблира во нашата заедница, на сите ниво, и со овој проект се направени значајни чекори во таа насока и создадени се примери на лидерство и успешно менаџерство, кои можат да им служат за пример на младите генерации.
Останува битката за поголема застапеност на ѓената на одлучувачки позиции, бидејќи официјалните статистики говорат дека само 20 до 30 % жени се на раководни, одлучувачки позици во управните и надзорните одбори на жените.
Исто така, во делот на претпримаштвото, жените се застапени со само 4%, што значи дека продолжуваме со борбата и охрабрувањето на жените да ги следат своите амбиции за да стигнат до позициите кои ги заслужуваат и во кои несомнено ќе бидат беспрекорни.
По 29-ти пат го издавате и Бизнис Каталогот на Република Северна Македонија? Овој англиско-македонски проект претставува сведоштво за развојот на македонската економија речиси од независноста на државата. Какви содржини се застапени годинава?
Трипуноска: Паралелно со манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ го реализираме и проектот „Бизнис Каталог на Р.С. Македонија“ веќе 29 години. Го издавме еднаш годишно, а до пред пандемијата се издаваа и по две изданија на годишно ниво. Овој проект е промотивен и го афирмира најдоброто од нашата земја во повеќе сегменти, како што се културата, историското наследство, природните богатства, туристичките можности и секако, успешните бизнис приказни.
Овој пат Воведниот дел и насловната страница на Бизнис каталогот ги посветивме на туризмот, односно заемната поврзаност на културата и туризмот со наслов Културно-уметнички мозаик. Присутни се бројни бизнис интервјуа, меѓу нив и компании со завидни јубилеи и секако интервјуа со жените менаџери кои се дел од овогодишната манифестација „Избор на науспешни жени менаџери“.(Б.Б.)