Италијанската државна железничка компанија планира да отвори брза врска меѓу Париз и Лондон


Италијанската државна железничка компанија Ferrovie dello Stato ја објави својата намера да отвори брза врска меѓу Париз и Лондон до 2029 година, во обид да се натпреварува со Eurostar, која управува со тунелот под Ла Манш.

Во овој проект државното железничко претпријатие планира да инвестира една милијарда евра.

-Оваа инвестиција претставува одлучувачки чекор на Ferrovie dello Stato за изградба на поинтегрирана, конкурентна и одржлива европска железничка мрежа, рече извршниот директор Стефано Антонио Донарума.

Италијанската компанија, исто така, објави дека потпишала меморандум за разбирање со шпанскиот оператор Evolyn, кој исто така изразил желба да отвори врска меѓу британскиот и францускиот главен град.

Детали од договорот не беа соопштени.