Италијанка на 108 години го преболе Ковид-19


 

Фатима Негрини, 108-годишна старица од северна Италија, им припаѓа на неколкуте стогодишници што го преболеа Ковид-19.

„Бог заборави на мене“, ја цитира старицата весникот „Кориере дела сера“ во саботното издание.

Таа во средата наполнила 108 години.

Весникот објави фотографија од старицата во количка, со негувателката до неа, а пред неа парче торта со порака: „Фатима 108, ние те сакаме. С. Фаустино“.

Негрини со години е во старечкиот дом. Таа се заразила со корона во април и негативна била дури во средината на мај. Но, цело време немала симптоми.

Негрини има тројца синови на возраст од 89, 88 и 78 години, четири внуци и двајца правнуци.

Италија е една од најпогодените земји од епидемијата, со речиси 34.000 мртви.

Во домот каде живее Негрини, од корона вирус починале неколку штитеници, но Фатима се уште не сфатила дека ги нема.